Мултимилијардерката Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, повторно се омажи, со наставник во средно училиште Дан Џевет.
Мекензи Скот стана позната во последните месеци како личност која донирала најмногу пари во добротворни цели. „Форб“с проценува дека таа располага со 53 милијарди долари, а минатата година донираше речиси 6 милијарди долари. Мекензи, како што самата рекла, планира да подели поголем дел од своето богатство за добротворни цели.
Покрај тоа што му помогна на Безос да ја подигне „Амазон“, Мекензи Скот напиша и два романи. На веб-страницата на „Амазон“ сега стои дека таа „живее во Сиетл со своите четири деца и сопругот Ден“. Веста за венчавката прво ја објави „Волстрит журнал“.
На веб-страницата на непрофитната организација „Giving Pledge“ е објавено писмо од Дан Џевет, наставник по природни науки во училиштето „Лејксајд“ во Сиетл, каде што учат децата на Мекензи Скот. Џeвет порачува дека е благодарен за исклучителната привилегија што ќе ја има во партнерството донирајќи пари кои потенцијално можат да направат многу добри нешта.
„Среќна случајност, се омажив за една од најдарежливите и најљубезните личности што ги познавам и ѝ се придружив во обврската да пренесам понатаму огромно финансиско богатство служејќи им на другите“, објави Џевет. Здружението „Giving Pledge“ е основано во 2010 година од милијардерите Бил Гејтс, неговата сопруга Мелинда и Ворен Бафет, пренесува „Њујорк тајмс“. Потписниците се согласуваат дека ќе го разделат поголемиот дел од своето богатство.
Мекензи Скот е посебна не само во износот поделен за хуманитарни цели, туку и по тоа што ги дала парите без комплицирани бирократски услови што го отежнуваат животот на хуманитарните организации. „Таа направи огромно влијание“, вели Грејс Сато од Здружението „Кенди“, начинот на кој таа ги дава парите ги менува трендовите.
Мекензи Скот беше во брак со Џеф Безос 25 години. Тие се разведоа во 2019 година, со спогодва доби 4 отсто од акциите на „Амазон“. Џеф Безос им рекол на новинарите дека Ден е одличен и дека е многу среќен и возбуден поради нив двајцата, пишува „Њујорк тајмс“.