ТЕТОВСКИТЕ СУДИИ ГО БРАНАТ КОЛЕГАТА ФЕРАТИ ЗА ПРЕСУДАТА ЗА ПРЕГАЗЕНАТА ТЕОДОРА Немал право на возачот да му даде повеќе од 2 години затвор

Апелираме до сите чинители во општеството да се воздржат од неоправдани коментари и да не се користи оваа пресуда за неосновани напади, стигматизирање и за јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување на други цели, велат тетовските судии.

1,000

Судиите од Тетово ја бранат одлуката на нивниот колега Ељмедин Ферати дека пресудата од 2 години затвор за возачот Менсур Пајазити кој ја смртно ја прегази младата Теодора Ристовска на пешачки премин е исправна и е практилно максималната казна што можела да се изрече во повтореното судење.

„Судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо (reformatio in peius) како начело предвидено во Законот за кривична постапка. Со претходните одлуки на Апелациониот суд Гостивар и на Врховниот суд, новата пресуда на Основниот суд Тетово не смее да се измени на штета на обвинетиот ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција“, од подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Тетово.






Поради тоа, додаваат, станува збор за законита одлука.

„Апелираме до сите чинители во општеството да се воздржат од неоправдани коментари и да не се користи оваа пресуда за неосновани напади, стигматизирање и за јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување на други цели“, велат тетовските судии.

Двегодишната затворска казна за возачот Пајазити предизвика силни реакции во семејстото на прегазената девојка и во јавноста.

Премиерот Христијан Мицкоки веднаш по пресудата го повика Судскиот совет да ја разгледа одлуката и работата на судијата, а од Советот, пак, денеска изјавија  дека тоа го завршиле. Претседаелот на Судскиот совет Александар Камбовки рече дека најверојатно предметот ќе се врати повторно во судница, но не прецизираше на што мисли.

– По реакциите на семејството по судењето и регаирањето во јавноста, Судскиот совет отвори постапка за да го разгледа судскиот предмет. Во текот на денот ќе има повеќе информации за случајот – рече Камбовски.

Од сејството за загинатата Ристовска денеска истакнаа дека очекуваат  Судскиот совет адекватно да постапи во врска со „скандалозната и срамна одлука на тетовскиот судија Елведин Ферати“.

„Имаме сомнеж како семејство дека зад оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. И натаму силно ќе се бориме за правда за Теодора. Исто така, јавно сакаме да прашаме зошто иницијативи како ‘Кој е следен’ немаат покажано никаков интерес за нашиот случај, а наводно се борат против трулиот и корумпиран систем. Ги немаше ниту на последното рочиште кога се изрече скандалозната одлука од само 2 години затвор за убиецот на Теодора. Сметаме дека е доста од лажни иницијативи со скриени агенди каде жртвите се само средство за постигнување на туѓи цели“, порача семејството Ристовски.

Обвинителството ќе ја чека писмената пресуда со која судијата Ферати му досуди 2 години затвор на возачот Пајазити, па ќе одлучи дали ќе поднесе жалба.

Првично, судијката Вера Костовска од Основниот суд тетово, сега во пензија, на 30 ноември 2023 година му пресуди 3 години и 6 месеци затвор на Пајазити, иако максималната казна за Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот со смртни последици е 5 години затвор. Осудениот се жалеше на пресудата во Апелацискиот суд во Гостивар и побара поблага казна. Јавното обвинителство, во одговор на жалбата бараше жалбата да се одбие како неоснована. Но, на јавната седница во Апелација вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази се предомисли и бараше жалбата делумно да се уважи во делот на казната, односно да се досуди пониска затворска казна. Судиите од Апелација Гостивар, Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати во април 2024 година ја преиначија пресудата на Основниот суд Тетово и ја намалија затворската казна за Пајазити од 3 и пол на 2 години.

 

Поврзани содржини