ТЕТОВСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ЦЕЛА НОЌ ГАСНЕА ПОЖАР Изгоре напуштена куќа кај Саат Џамија

На овој голем пожар интервенирале 12 пожарникари, со четири возила.

203

Дури цели четири часа во текот на ноќта, тетовските пожарникари гаснеле пожар во куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“, во близина на Саат Џамија, пренесува ТВ21.

За среќа, нема повредени луѓе во пожарот.






– Пожарот избувна во куќа во која никој не живеел и била напуштена, при што немаше повредени. Од наша страна е интервенирано во  02.55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 6.50 часот – изјавил Авни Амети, комендант на тетовските пожарникари за медиумите.

На овој голем пожар интервенирале 12 пожарникари, со четири возила.

Поврзани содржини