Билал Касами е позитивен на ковид-19, објави градоначалникот на Општина Тетово на својата страница на Фејсбук.
Тој нагласи дека е вакциниран и дека нема симптоми, туку само позитивен тест на ковид-19.
Почитувани граѓани, сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето сум позитивен на ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против ковид со самоизолирање. Во овој период, моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје“, објави Касами на Фејсбук.