Тетовски универзитет: Деканот Хаџиреџа беше разрешен поради лошо управување

Во врска со разрешувањето на поранешниот декан на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Кастриот Хаџиреџа, ја информираме јавноста дека ректорот на Универзитетот ја донесе оваа одлука како резултат на лошо управување, неефикасност на работа, нереагирањето навреме на неправилности и нарушувања на работната етика, непреземање на законските и статутарните одговорности и недостаток за координација со Наставно-научниот совет на оваа академска единица, соопшти Тетовскиот универзитет.

761

Истражувачката дејност на Универзитетот во Тетово се реализира во согласност со научните критериуми

Универзитетот во Тетово внимателно го следи објавувањето на информациите кои фрлаат сомнеж во научните истражувања на некои професори на Факултетот за медицински науки, па иако не е должност на нашата институција да ги коментира „откритијата“ на „списанијата“ со анонимни автори, ние ја информираме јавноста дека образовната и научно-истражувачката дејност на академските единици на Универзитетот во Тетово се спроведува во согласност и со целосно почитување на научните критериуми.






Ваков е одговорот на Универзитетот во Тетово откако денеска Младински образовен форум (МОФ) побара од Државниот просветен инспекторат да утврди одговорност за корупција на Тетовскиот универзитет.

„Академските и наставно образовните унапредувања, како и објавувањето на научни трудови се предмет на механизми за филтрирање, со кои се потврдува или дисквалификува одреден придонес за истражување. Во врска со разрешувањето на поранешниот декан на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Кастриот Хаџиреџа, ја информираме јавноста дека ректорот на Универзитетот ја донесе оваа одлука како резултат на лошо управување, неефикасност на работа, нереагирањето навреме на неправилности и нарушувања на работната етика, непреземање на законските и статутарните одговорности и недостаток за координација со Наставно-научниот совет на оваа академска единица. Затоа, надвор од злонамерните обиди за оцрнување на оваа институција од страна на анонимни издавачи, списанија без адреса, луѓе со сомнителни агенди, ние сме посветени на чекорењето напред на патот на институционалниот развој и образовно-научното унапредување. Има илјадници студенти кои 26 години заедно со нивните професори, неуморно работеа на овој Универзитет за да ги постигнат образовните и културните цели на албанскиот народ во нашата земја“, се вели во соопштението на Тетовскиот универзитет.

Поврзани содржини