ТЕТОВО МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ И ДЕНЕСКА НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД Во градот има 1.437 активни случаи
Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, во Тетово има 1437 активни случаи. За време на пандемијата над 450 лица во тетовскиот регион починаа од ковид-19.
Во последните 24 часа нема починати меѓу хоспитализираните пациенти со ковид-19 во тетовската клиничка болница. Поминаа 48 часа или два дена без смртни случаи, а ги имаше секојдневно во болницата во изминатите 30 денови.
– Вкупно нови приеми има шест, а исто толку луѓе се пуштени дома по болничко лекување. Сега вкупно има 82 лица кои се хоспитализирани поради компликации од ковид-19. За прегледи се јавиле 142 лица во амбулантата на ковид – центарот, изјави д-р Гзим Нуредни.
Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, во Тетово има 1.437 активни случаи. За време на пандемијата над 450 лица во тетовскиот регион починаа од ковид-19.