ТЕТОВО И ОХРИД ПОД ОПСАДА Во тек е голема полициска акција, приведени се повеќе лица

568

Во моментов се одвива голема полициска акција во Тетово и во Охрид, дознава Плусинфо од полициски извори.

Како што дознаваме, претреси се вршат на повеќе локации во овие два града, а има и приведени лица.






„Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица. Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Неофицијално, станува збор за полициска акција за заплена на дрога.

Поврзани содржини