ТЕТОВО ГО ДОСТИГНУВА ВРВОТ Хасани порачува да не се претерува со мерките

Лично мислам дека не треба да се претерува со мерките затоа што се контрапродуктивни, како собирањето пред маркети, пред и по карантински денови. И овие мерки можат да помогнат, не може да се каже дека народот е недисциплиниран, туку индивидуи, смета заменикот-министер за здравство.

2,586

Се надевам дека во Тетово се достигнува пикот на болеста, но нови мерки не се потребни зашто се контрапродуктивни, смета заменикот-министер за здравство Илир Хасани кој деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово.

Тој ја оценува состојбата како влошена, а неговото присуство и ангажман во Тетово е во насока на уште поголемо зголемување на вакцинираните луѓе.






– Бројот на пациенти се следи, не е голем како што беше пред една недела и се надевам дека во Тетово се достигнува пикот на болеста, што не значи дека тој пик е постигнат во целата Република. Тетово веројатно порано „гори“ во однос на другите места, поради сите општи работи и фактори кои настааа во овој регион. Капацитетот на Тетовската болница која е флексибилна е до 130 места. Отворени се капацитети и во Скопје – рече Хасани.

Според него, не се потребни дополнителни мерки за заштита од ковид-19 само за тетовскиот регион.

– Ние ги гледаме сите параметри во Комисијата за заразни болести, утре во осум часот има нова средба и ќе се дискутира за нови мерки. Лично мислам дека не треба да се претерува со мерките затоа што се контрапродуктивни, како собирањето пред маркети, пред и по карантински денови. И овие мерки можат да помогнат, не може да се каже дека народот е недисциплиниран, туку индивидуи. Јас ги поздравувам совесните граѓани, сметам дека не може да се генерализира. Треба да се одржува дистанца, да се носи маска, да не се прават свадби, прослави и забави – рече заменик-министерот Хасани.

Поврзани содржини