ТЕТОВКА СЕ ОБИДЕЛА ДА ГЛАСА СО СЛИКА ОД ПАСОШ НА МОБИЛЕН Била одбиена, па нападнала членка на Избирачкиот одбор

Случката во  СВР Тетово, ја пријавила  заменик претседателка на гласачко место бр.1972 во основно училиште „Братство Миѓени“.

399

МВР информира дека тетовска денеска се обидела да гласа со слика од пасош на мобилен.

Случката во  СВР Тетово, ја пријавила  заменик претседателка на гласачко место бр.1972 во основно училиште „Братство Миѓени“.






Таа пријавила дека С.Д. сакала да го оствари своето право на глас без приложување на соодветен документ за идентификација, односно се обидела да гласа прикажувајќи фотографија од нејзината патна исправа на мобилниот телефон, а откако и било кажано дека тоа е противзаконски започнала агресивно да се однесува кон неа.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Поврзани содржини