ТЕТОВКА НАТЕПАЛА СОСЕТКА Малолетничка нападнала врсничка во Аеродром

242
Денеска (17.02.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, А.С.(45) од Скопје пријавил дека на 16.02.2024 околу 22.40 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син физички бил нападнат од неколку лица, кои му барале пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.





На 16.02.2024 во 14.27 часот во СВР Скопје, З.Ј.(60) од Скопје пријавил дека на 15.02.2024 околу 15.10 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно нерасчистени имотно – правни односи, физички бил нападнат од Р.Г.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.02.2024 во 18.50 часот во СВР Скопје, У.Ј.(18) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, физички бил нападнат од С.И. и Б.И.., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.02.2024 во 19.22 часот во СВР Скопје, С.И.(31) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Д.Т. и А.Т.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.02.2024 во 13.20 часот во СВР Тетово, Ш.А.(50) од Тетово пријавила дека околу 12.00 часот била физички нападната од нејзина сосетка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.02.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје, Х.А.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје физички бил нападнат од А.А. и Б.И. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.02.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје, Л.Р.(55) од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка физички била нападната од друга малолетничка. Се работи на расчистување на случајот.
На 16.02.2024 во 13.25 часот во СВР Скопје, Д.М. пријавил дека на подрачјето на Гази Баба на неколку лица се заканувале на неговиот малолетен син и неколку негови другари, при што на еден од малолетниците му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поврзани содржини