Тетовка нападната кога се обидела да премине улица

Од СВР Тетово информираат и за инцидент на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, околу 22 часот кога полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(20) од Тетово. Тој одбивал да се легитимира, ги навредувал и физички ги нападнал полициските службеници.

806

Во тетовската полиција 41-годишна жена пријавила дека била нападната кога се обидела да помине преку улица од непознато женско лице кое излегло од возило. Настанот се случил вчера на крстосниците на улиците „Илинденска“  и „Браќа Миладинови“ во Тетово.

„Вчера  во 15 часот, 41-годишната И.А. од тетовско Горно Седларце во СВР Тетово пријавила дека околу 17 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, физички била нападнала од непознато женско лице кое, по куса вербална расправија, излегло од возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки и пред нејзините две малолетни деца се нафрлило на неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од СВР Тетово.






Од СВР Тетово информираат и за инцидент на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, околу 22 часот кога полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(20) од Тетово. Тој одбивал да се легитимира, ги навредувал и физички ги нападнал полициските службеници.

Поврзани содржини