ТЕТОВЕЦ УАПСЕН ЗАШТО ЈА НАТЕПАЛ ЌЕРКА СИ Таа го пријавила во полиција дека ја нападнал и ѝ се заканувал
Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 15 часот 55 минути го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец С.Ф., кој претходно бил пријавен од неговата 24-годишна ќерка дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал.
Од таму велат дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и дека против него ќе следува поднесок.