Август почна добитнички уште од првиот ден. Освоена е најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР.
– На 01.08.2023 во 21.20 часот, во Клуб Спорт 77 Евротип во Тетово, играч на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, освои неверојатни 20 110 146 денари. Добитникот го очекуваме секој момент да пристигне во Видоелотарија, по својот добитен чек на овој фантастичен износ од 20 110 146 денари – велат од компанијата.
Најпосакуваниот ВЛТ џекпот – СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ има добитна вредност од 14 до 21 милион денари. Оваа година рекордниот износ го освои играч од Струга, вреден 20.577.224 денари.
Покрај најпосакуваниот, СУПЕР МИЛИОНЕР, во игра се и Милионер и Мини Џекпот.