ТЕТОВЕЦ ПРОНАЈДЕН ВО ДУПКА СО СКРШЕНИ НОЗЕ И СО ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА Нападнат е и доктор во Клиничката болница во Тетово

Според очевидци, напаѓачот Ф.Д. прво го удрил А.К. по глава со стаклено шише, а подоцна жртвата била пронајдена во дупка на објект во изградба со скршени нозе и тешки повреди на главата.

1,000

Дваесет и седумгодишен син на командир во Полициска станица – Тетово, брутално нападнал 42-годишен маж кој работел во Тобако во Тетово.

Според очевидци, напаѓачот Ф.Д. прво го удрил А.К. по глава со стаклено шише, а подоцна жртвата била пронајдена во дупка на објект во изградба со скршени нозе и тешки повреди на главата.






Повредениот е итно пренесен во Скопје, а напаѓачот е лишен од слобода. Информацијата ја потврди и СВР Тетово.

Исто така, во Клиничката болница во Тетово, 28-годишниот М.М. од д Челопек физички нападнал доктор додека му укажувал помош. Наместо соработка, пациентот станал агресивен, почнал да вика и да ги напаѓа вработените.

Поврзани содржини