Тетовец почина, нови 23 заболени во изминатото деноноќие
Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид-19, а потврден позитивен денеска.
Денеска се потврдени 23 нови случаи со ковид-19, а едно лице почина, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 12, Куманово 4, Прилеп 2, Тетово 4, Неготино 1.
Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид-19, а потврден позитивен денеска.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 9 оздравени пациенти и тоа во Скопје и Велес по тројца и во Прилеп, Струга и Кочани по еден.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.
Направените 702 теста се преку: ИЈЗ 408, Ветеринарен факултет 29, Авицена 38, Биотек 33, Клиника „Жан Митрев“ 39, Систина со PCR метода 28 и МАНУ 127. Досега во земјата се направени вкупно 24.018 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, критично болни и на механичка вентилација се двајца пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.