Tетовец паднал од мотоцикл, а тинејџер од Кочани од велосипед и тешко се повредиле

279

На 13.04.2020 во 15:30 часот било пријавено дека во Tетово на бул.„Видое Смилески Бато“ И.А.(22) од с.Мала Речица, управувајќи мотоцикл „сузуки“, со дебарски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.04.2020 во 12:25 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Теодосија Паунов“, С.С.(18) од Кочани, управувајќи велосипед, паднал на коловозот. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Поврзани содржини