Тетовец нападнал лекар во болница

Тетовецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

512

Тетовец е приведен откако ноќеска се обидел физички да нападне лекар во болница, соопшти МВР.

Ноќеска околу 01 часот во Клиничката болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.А.(43) од Тетово затоа што во болницата се однесувал агресивно и се обидел физички да нападне лекар.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини