ТЕТОВЕЦ ИЗНУДУВАЛ ПАРИ ОД СОГРАЃАНИН СО ЗАКАНА ДЕКА ЌЕ ОБЈАВИ НЕГОВИ ФОТОГРАФИИ Полицијата го приведе и му подготвува пријава
Полицијата соопшти дека при приведувањето кај заканувачот е пронајдена марихуана.
Тетовец изнудувал пари од сограѓанин со закана дека ќе објави негови компромитирачки фотографии и ќе сподели информации. Полицијата го уапси и му подготвува пријава.
Полицијата соопшти дека вчера на улица Борис Кидрич во Тетово, е упасен Б.Ш. (26). Полицијата го сомничи дека во повеќе наврати го уценувал Д.Ш.(23), исто така, од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што подолго време барал и добивал парични средства од Д.Ш.
При лишувањето, информира полицијата, кај Б.Ш. е пронајдена и марихуана.
– Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци – информираат од полицијата.