ТЕТОВЦИ МОЖАТ ДА СПИЈАТ МИРНО Директорот на БЈБ Александар Јанев ја гарантира безбедноста

336

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во СВР Тетово оствари средба со раководството, на која детално беа разгледани сите околности и преземените мерки по вчерашниот вооружен инцидент, во кој беше одземен еден живот а повредени беа четири лица.

– Сакам граѓаните на Тетово и на регионот да знаат дека полицијата е целосно мобилизирана и посветена. Се преземаат активности за да се гарантира и испорача безбедноста. Нема да дозволиме стравот и насилството на поединци да ја нарушат секојдневната сигурност и мирот во заедницата. Истовремено, на сторителите и сите кои мислат дека со оружје можат да решаваат спорови и несогласувања им порачувам дека ќе бидат пронајдени, изведени пред лицето на правдата и  санкционирани. Полицијата ги стави во функција сите потребни служби со цел да бидат фатени сите инволвирани во овој инцидент – дециден беше директорот на БЈБ Јанев, додавајќи дека безбедноста е наша заедничка вредност.






– Ги повикувам сите граѓани на Тетово и насекаде низ државата да соработуваат со полицијата, да пријавуваат информации и заедно да изградиме средина во која нема место за криминал и насилство. Само заедно можеме да се спротивставиме на поединците и групите кои не споделуваат исти вредности со нас чесните – истакна Јанев заклучувајќи дека Македонија и сите граѓани заслужуваат мир и спокој, а полицијата е тука за да го испорача.

Поврзани содржини