ТЕТОВЦИ БЕСНЕАТ ПО ПАТИШТАТА Во декември имало дури 2002 сообраќајни прекршоци!

Во декември од сообраќај биле исклучени 311 возачи или речиси двојно повеќе од ланскиот декември, од кои 162 управувале без возачка дозвола.

372

Во декември 2021 година полицијата забележала 2002 сообраќајни прекршоци што е за 797 повеќе од истиот месец во 2020 година на тетовското подрачје. Прекршоците се откриени во триесетина акциски и редовни контроли.

– Во контролните активности поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 93 возила, од кои 62 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 31 поради утврдена техничка неисправност. Во декември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 311 возачи или речиси двојно повеќе од ланскиот декември, од кои 162 управувале без возачка дозвола, 78 под дејство на алкохол, 53 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, пет со несоодветна категорија и 13 со важечка забрана за управување – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени девет возила, 148 возачки и 52 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 333 непрописно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје и пред сѐ, во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници, на пешачки премини и на други недозволени места.

Поврзани содржини