Новата тетоважа на Анџелина Џоли посветена на Бред Пит: Еве што значи (ФОТО)

814

Глумица Анџелина Џоли (46) е позната како голема обожавателка на тетоважи па своето тело го украси со бројни тетоважи.

Сега претставниците на медиумите ја забележаа и најновата тетоважа на славната актерка.






Тетоважата се наоѓа на подлактицата на Анџелина и се состои од натписот Eppur si muove, кој е познат цитат на Галилео Галилеј и значи „Сепак се движи“, а потекнува од 1633 година, кога славниот научник бил принудуван да го повлече своето тврдење дека Земјата се врти околу Сонцето..

Американските медиуми го толкуваат ова како верување дека еднаш вистината мора да излезе на виделина и ја поврзуваат со борбата за старателство која Анџелина ја води со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, а која не оди според нејзините желби, бидејќи судот неодамна одлучи двајцата поранешни сопружници да го делат старателството над шесте деца.

Актерката ја покажа својата нова тетоважа додека шеташе низ Њујорк и ручаше во ресторан за брза храна.

Angelina Jolie shows off cryptic new tattoo 'and yet it strikes' - Geeky Craze

ФОТО: Принтскрин/DIGGZY/JESAL/SplashNews.com

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IloveAngie (@angelina75fanprofile)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини