🎥 ТЕТКА КАЛИОПИ ЗАПЕА НА СВАДБАТА НА ТАПАНАРОТ „Среќно внучко мој“
Имаше само пет години кога му ја напишав оваа песна „Шармер“ која ја испеа на фестивалот „Супер ѕвезда“… Знаев дека е шармер, но не знаев дека дека еден ден ќе биде тапанар во мојот бенд, а најмалку пак можев да знам дека еден ден ќе ја пееме песнава заедно на неговата свадба…Среќно внучко мој!- рекла Калиопи на свадбата на Александар Ванцовски
На Инстаграм профилот на нашата поп дива Калиопи осамна видео на кое таа пее на свадба. Секако, не е тоа која било свадба, туку свадбата на нејзиниот тапанар Александар Ванцовски и неговата избраничка Зара.
И нашето момче Александар Џигер Ванцовски се ожени! Ја добивме прекрасната Зара во нашата фамилија.
Драги мои, нека оваа ноќ исполнета со радост, љубов и музика, се прелее во сите ваши идни ноќи и утра!
Love you to the moon and back, напиша Калиопи во објавата покрај видеото.
View this post on Instagram
Инаку, Калиопи открила дека своевремено на малиот Александар кој сакал да пее, му направила и песничка која ја испеале заедно токму на овој за него голем ден.
– Имаше само пет години кога му ја напишав оваа песна „Шармер“ која ја испеа на фестивалот „Супер ѕвезда“… Знаев дека е шармер, но не знаев дека дека еден ден ќе биде бубњар во мојот бенд, а најмалку пак можев да знам дека еден ден ќе ја пееме песнава заедно на неговата свадба…Среќно внучко мој!- рекла Калиопи.