ТЕСТИСОТ ПАК ГО СПАСУВА ОД ИДРИЗОВО Газдата на „Дурмо турс“ ја одложи десетгодишната казна до 17 декември

Како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК, Белули повторно ја избегнува казната, а судијата лично проверувал во болница дали операцијата навистина е неопходна.

0

Газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, повторно не се појавил во затворот „Идризово“ за да ја започне десетгодишната казна. Белули добил ново одложување, овојпат поради наводна операција на вториот тестис, откако првата ја извршил во октомври.

Судијата за извршување санкции за порталот „СДК“ изјавил дека лично го посетил хирургот во тетовската болница, кој стои зад специјалистичкото мислење дека Белули треба повторно да биде опериран. Новиот рок за започнување на казната е продолжен до 17 декември 2025 година.






Паралелно, и Ремзи Мифтари од „Дурмо турс“, кој исто така треба да одлежи 10 години затвор, исчезнал минатата недела. За него е распишана потерница.

И двајцата имаат правосилни пресуди од 9 мај, но нивното затворање постојано се одложува, иако несреќата кај Ласкарци зеде 16 животи и остави над 30 повредени.

Поврзани содржини