ТЕСТАМЕНТОТ НА ПРИНЦОТ ФИЛИП Е ТАЈНА Ќе биде запечатен најмалку 90 години

Првпат по повеќе од 100 години почнат е процес за да се овозможи тие тестаменти да бидат објавени.

573

Тестаментот на британскиот принц Филип, војводата од Единбург, ќе остане тајна најмалку 90 години поради заштита на достоинството на кралицата, одлучил судот.

Станува збор за традиција долга повеќе од еден век, со оглед на тоа дека по смрт на член на британското кралско семејство од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пишува Би-Би-Си. Тоа значи дека не се достапни за јавноста.






По 90 години, ќе се одржи приватен процес на кој ќе се одлучува дали тестаментот може да се отвори.

Сослушувањето за барањето за запечатување на тестаментот во јули, во приватност го одржал Сер Ендрју Мекфарлан, највисокиот судија на Семејниот суд.

Тој ги сослушал аргументите на адвокатите кои го застапуваат имотот на покојниот војвода, како и аргументите на државниот адвокат и во четвртокот ја објавил својата одлука.

Мекфарлан објаснил дека тој, како претседател на Одделението за семејства при Високиот суд, е чувар на сефот со повеќе од 30 пликоа, од кои секое содржи запечатен тестамент на починат член на кралското семејство.

Првпат по повеќе од 100 години почнат е процес за да се овозможи тие тестаменти да бидат објавени.

Принцот Филип почина во април годинава на 99 години.

Поврзани содржини