ТЕСНЕЦОТ ОРМУЗ ЗАТВОРЕН ЗА „НЕПРИЈАТЕЛСКИ ПЛОВИЛА“ Иранската армија се закани со „строги мерки“

Иран ги извести ОН дека „пловилата што не  се непријателски“ можат да поминат низ теснината Ормуз во координација со иранските власти.

67

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави денеска дека Ормускиот Теснец останува затворен и дека е забранета пловидба „до и од пристаништата на сојузниците и поддржувачите на израелските и американските непријатели“ преку кој било коридор или до која било дестинација, објавија иранските државни медиуми.

ИРГЦ додаде дека секој транзит низ Ормускиот Теснец ќе биде пресретнат со „строги мерки“.






Три контејнерски бродови што пловат под различни знамиња беа вратени од овој поморски пат по предупредување од морнарицата на Револуционерната гарда, објавија медиумите.

Иранското Министерство за надворешни работи во вторникот ги извести ОН дека „пловилата што не  се непријателски“ можат да поминат низ теснината Ормуз во координација со иранските власти.

Поврзани содржини