ТЕСНА БОРБА ЗА КОНГРЕСОТ ВО САД Републиканците моментно со 209 пратеници, демократите со 191

Секоја партија би можела да обезбеди мнозинство во Сенатот со победи во Невада и Аризона каде гласовите сè уште се бројат.

450

Републиканската партија се доближува до бројот на претставници потребни за тесно мнозинство во Претставничкиот дом на среднорочните избори за Конгресот на САД, додека контролата на Сенатот зависи од резултатите од изборите во неколку сојузни држави.

Кога станува збор за Претставничкиот дом, републиканците сега се поблиску до мнозинството од 218 места потребно за преземање контрола.






Според резултатите на Си-Ен-Ен, републиканците во моментов имаат 209 претставници во Претставничкиот дом, а демократите имаат 191. Во Сенатот, републиканците во моментов имаат 49 мандати, а демократите 48.

Секоја партија би можела да обезбеди мнозинство во Сенатот со победи во Невада и Аризона каде гласовите сè уште се бројат.

Во Невада во моментов водат републиканците со 49,4 отсто од гласовите, додека демократите имаат 47,6 отсто.

Во Аризона во водство се демократите, кои освоија 51,4 отсто од гласовите, пред републиканците кои имаат 46,4 отсто.

Поврзани содржини