„Тесла“ му помогна на Маск да „тежи“ 100 милијарди долари

Акциите на „Тесла“ се појавија на пазарот во 2010 година по цена од 17 долари, а денес достигнаа рекордни 2.318,49 долари.

1,707

Богатството на американскиот бизнисмен од Силиконската долина, Илон Маск, надмина 100 милијарди долари. Така тој стана еден од четворицата најбогати мажи во светот, објави американското списание „Форбс“.

Според списокот на милијардери на „Форбс“, најголем удел од богатството на Маск доаѓа од сопственоста во производителот на електрични автомобили „Тесла“, каде тој поседува 21% од акциите, а чијашто вредност скокна пет пати во оваа година.






Акциите на „Тесла“ се појавија на пазарот во 2010 година по цена од 17 долари, а денес достигнаа рекордни 2.318,49 долари.

„Тесла“ стана највредниот производител на автомобили на пазарот кога ја прегази јапонската „Тојота“ на 1 јули, а во последните 10 години направи многу од свои инвеститори во милионери.

Маск сега е член на елитниот клуб со само четири лица со богатство од 100 милијарди долари.

Во моментов прв на списокот на „Форбс“ е сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, со околу двојно повеќе богатство од Маск, а исто така и првиот човек во историјата на капитализмот кој „тежи“ повеќе од 200 милијарди долари.

Покрај „Тесла“, според „Ројтерс“, Маск е сопственик на неколку футуристичките компании, меѓу кои се и производителот на вселенски ракети „СпејсИкс“ и „Неуралинк“, високо софистицирана компанија која работи на поврзување на човечкиот мозок со компјутер.

Поврзани содржини