„ТЕСЛА“ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА БАТЕРИИ ВО БЛИЗИНА НА БЕРЛИН Инвестицијата ќе изнесува 1 милијарда евра

Сега во фабриката во Гринхајде се произведуваат само делови, а батериите се увезуваат од САД.

36

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ објави дека подготвува терен за производство на батерии во близина на  Берлин, со цел максимален капацитет од 8 гигават-часови годишно од 2027 година.

Инвестицијата се проценува на 1 милијарда евра.






– Сè треба да се произведува на една локација, од батерии до целото возило – рекоа од компанијата.

Сега во фабриката во Гринхајде се произведуваат само делови, а батериите се увезуваат од САД.

Во 2020 година, сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, рече дека сака да го претвори објектот во Гринхајде во најголемата фабрика за батерии во светот, со производство на комплетни батерии планирано од отворањето во 2022 година.

Поврзани содржини