ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ЌЕ СЕ НОСАТ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО Стојанче Ангелов вели дека има понуди за помош од повеќе земји
Се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица во врвни болници од оваа област во неколку европски држави.
Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за повредените во страотната несреќа во Кочани, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов
– Воедно ги имаме сите неопходни материјални средства и немаме потреба од било какви донации. Има понуди за помош од повеќе држави. Се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица во врвни болници од оваа област во неколку европски држави. Немаме зборови со кои може да се опише тагата од оваа ужасна несреќа. Сочувство до семејствата кои ги изгубија своите најблиски – додаде Ангелов.