Тешко повредена жена на работно место! Во Охрид нападната вработена во хотел

Двајца скопјани дале лажен исказ за да добијат нови возачки дозволи кои им биле одземени во странство.

3,735

ЛАЖЕЛЕ ДА ДОБИЈАТ НОВИ ВОЗАЧКИ – СВР Скопје поднесе две кривични пријави против Б.Д.(27) и В.П.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „давање на лажен исказ“. Пријавените, со намера да ја прикријат вистинската причина за вадење на нови возачки дозволи поднеле барање до Сектор за управно надзорни работи – Одделение за управни работи при МВР за издавање на дупликат возачки дозволи, а во прилог на барањето приложиле писмени изјави во кои навеле лажен исказ дека возачките дозволи им биле изгубени, иако биле свесни дека поради сообраќајни прекршоци, дозволите им биле одземени, и тоа на Б.Д. во Р.Грција, а на В.П. во Р.Полска.

НА ДЕЛО ФАТЕНИ ДИЛЕРИ НА КОКАИН – Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Б.(19), С.М.(24) и А.Б.(31), сите од Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.07.2019 во Гостивар, на ул,,Раде Угриноски“, во близина на Средно медицинско училиште, од полициски службеници биле затекнати А.Б., С.М. и А.Б. и при извршен преглед кај А.Б. бил пронајден и одземен кокаин. Лицата биле лишени од слобода и приведени во Одделението за внатрешни работи Гостивар, каде при извршен разговор А.Б. кажал дека дрогата ја добил од С.М., а С.М. појаснил дека ја купил од А.Б..






НАПАДНАТА ВРАБОТЕНА ВО ХОТЕЛ – На 10.12.2020 во 18.10 часот во СВР Охрид И.Р.(26) од Охрид пријавила дека во хотел во Охрид, каде што била вработена, била физички нападната од Г.Д. од Охрид. По преземени мерки составен е записник за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

ЗАТВОРЕНИК НАПАДНАЛ ЧУВАР – На 10.12.2020 во 20.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот, при смотра на затворениците, А.С.(30) од Кичево, вработен во Казнено-поправна установа „Идризово“, бил физички нападнат од затвореникот Х.Б.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ДОНЕСЕНО ЛИЦЕ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – На 10.12.2020 во  22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен повреден М.К.(55) од Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Полициски службеници од СВР Скопје  преземаат мерки за расчистување на случајот.

РИБОЧУВАР ПРОНАШОЛ ПУШКА – На 10.12.2020 во 14.00 часот во Полициска станица Кисела Вода, В.К.(28) од с.Самоков-Македонски Брод, вработен како рибочувар во ЈПУ ЗПП „Јасен“, пријавил дека на место викано „Рудине“, при вршење служба, пронашол ранец со ловна пушка марка „ИЖ“ кал.12мм. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЖЕНА ПОВРЕДЕНА НА РАБОТНО МЕСТО – На 10.12.2020 во Полициско одделение Петровец, вработен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” пријавил дека со повреди е донесена А.Г.(34) од Скопје. Од извршениот разговор со повредената е констатирано дека таа се повредила околу 13.00 часот, додека извршувала работни задачи во фабрика во Скопје.

ИМАЛ ОРУЖЈЕ ЗА КОЕ НЕМАЛ ДОЗВОЛА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.К.(43) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 11.09.2020 во Делчево, на ул.„Булевар Македонија”, во домот на пријавениот, при извршен претрес од полициски службеници, била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „Orozarka“ калибар 16мм модел „Mattser“, за кој пријавениот не поседувал дозвола.

ПРАВЕЛЕ ЗАБАВА ВО ДВОР ПА ДОБИЛЕ КРИВИЧНА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.П. (22) и Г.П. (44), двајцата од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25/26.10.2020 на ул.„Стамен Манов“ пријавените, за време на прогласена пандемија со ковид–19, најпрво на терасата во својот дом, а потоа и на јавен простор пред куќата организирале прослава, каде биле присутни поголем број лица.

ИЗВРШИЛ НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕТЕ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.П.  (56) од с.Спанчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 26.11.2020 во с.Спанчево, пријавениот физички нападнал малолетник.

ОГРАБЕНА ДЕВОЈКА ВО МАЏАРИ – На 10.12.2020 во 23.30 час во Полициска станица Гази Баба, А.Ѓ.(19) од Скопје, пријавила дека во 21.00 часот во нас.Маџари едно лице со употреба на сила и  одзело чанта, во која имало пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

НЕ ИМ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ, ПА ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА – СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.А. (22) од с.Старо Балдовци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.10.2020 на крстосница од патиштата с.Турново-с.Иловица-с.Штука, додека полициски службеници вршеле службени задачи, дале наредба да застане на патничко возило „опел вектра“, кое се движело со голема брзина од с.Иловица кон крстосницата, но возачот на возилото ја зголемил брзината и поминал без да сопре, загрозувајќи ја сигурноста на полицискиот службеник. По преземени мерки, пријавениот и возилото биле пронајдени во с.Старо Балдовци.

ОГРАБЕНА ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО СКОПЈЕ – На 10.12.2020 во 16.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека  во обложувалница на ул.„Февруарски поход“ две лица со закана одзеле пари од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини