ТЕШКО ПОВРЕДЕНА МЛАДА РАБОТНИЧКА ОД КОЧАНИ Се повредила на работа, известен е трудов инспектор
Вчера претпладне во Итната медицинска помош е однесена Б.С.(21) од Кочани, која се повредила во фирмата каде работи.
Млада работничка на возраст од 21 година вчера е тешко повредена на работното место.
„На 28.3.2025 во 11.23 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Б.С.(21) од Кочани. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кочани“, соопшти полицијата.
За настанот е запознаен трудов инспектор, се додава во соопштението.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.