Во 10.20 часот вчера било пријавено дека на булеварот „Видое Смилески Бато“, на сервисната улица од паркинг простор, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ѓ.(42) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Т.П.(69) од Скопје.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.