ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ КАЈ „СКОПЈАНКА“ Млад велешанец со возило удрил во 70-годишниот скопјанец
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Велосипедист е тешко повреден во вчерашната сообраќајка кај трговскиот центар „Скопјанка“.
Од СВР Скопје велат дека вчера во 14:20 часот кај нив било пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(25) од Велес, удрило во велосипед управуван од Т.М.(70) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.