Тешко повреден текстилен работник во Прилеп
Полицијата соопшти дека станува збор за Д.К.(35) од Прилеп кој се повредил додека ги извршувал своите работни задачи во фабриката.
Текстилен работник од Прилеп се повредил додека бил на работното место во фабриката на улица Александар Македонски.
Полицијата соопшти дека станува збор за Д.К.(35) од Прилеп кој се повредил додека ги извршувал своите работни задачи во фабриката.
Тој е пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на настанот.