ТЕШКО ПОВРЕДЕН РУДАР ОД ПРОБИШТИП Лицето се здобило со тешки повреди додека било на работа

Од МВР велат дека увид извршиле полициски службеници од ОВР Пробиштип и за настанот бил известен јавен обвинител.

207

Рудар од Пробиштип се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско, за настанот бил известен јавен обвинител, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 20.08.2024 во 20:40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н.(28) од село Добрево, пробиштипско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско“, стои во дневниот Билетен на МВР.






Дополнуваат дека увид извршиле полициски службеници од ОВР Пробиштип и за настанот бил известен јавен обвинител.

Поврзани содржини