Тешко повреден пешак откако „форд ескорт“ удрил во него и „собрал“ уште два паркирани автомобили
Во Кичево, на ул ица „Исеин Акиоски“ патничко возило „форд ескорт“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (21) од Кичево, удрило во два паркирани автомобили и во пешак, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.
– Патничкото возило „форд ескорт“ удрил во патничко моторно возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во патничко возило „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В.Ш.(32) од Кичево. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево – соопшти МВР.