Тешко повреден патник во приватен автобус, паднал со четирицикл и завршил во болница

453

ПАТНИК СЕ ПОВРЕДИЛ ПРИ СОПИРАЊЕ НА АВТОБУСОТ – На 13.10.2020 во 16.30 часот било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, во автобус „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(59) од Скопје, при сопирање, патникот Б.А.(22) од Скопје паднал на подот од автобусот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 13.10.2020 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Средно Водно, на патот кон Нерези, го лишиле од слобода А.К.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






ТИНЕЈЏЕР ФАТЕН СО МАРИХУАНА – На 13.10.2020 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во близина на Железничката станица го лишиле од слобода А.Ѓ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА КАЈ СКОПЈАНЕЦ – На 13.10.2020 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода А.Ц.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПАДНАЛ ОД ЧЕТИРИЦИКЛ И ЗАВРШИЛ НА КЛИНИКА – На 13.10.2020 во 16.20 часот било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје,  Б.С. (40) од Кичево управувајќи четирицикл „атв“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО КОЧАНСКО – На 13.10.2020 во 10.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат во с.Соколарци, кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од с.Новоселани, кочанско, и патничко возило „опел астра“, со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(37) од Пробиштип. Во незгодата, К.Г. се здобил со тешки телесни повреди, а С.М. со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани. Извршен бил увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

КАСНАТ ОД УЛИЧНО КУЧЕ – На 13.10.2020 во 19.10 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(40) од Скопје пријавил дека во близина на Железничка станица бил каснат од куче скитник.

Поврзани содржини