ТЕШКО ПОВРЕДЕН ХОЛАНЃАНЕЦ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Како удрил во карпите ќе каже кога ќе се освести
Во моментов нема повеќе информации како се случила несреќата во која туристот удрил во камен, лицето е во бессознание и повеќе информации се очекуваат за подоцна.
Турист од Холандија бил тешко повреден во Охридско Езеро и со кајче бил пренесен до пристаништето, а оттаму до охридската болница.
Во моментов нема повеќе информации како се случила несреќата во која туристот удрил во камен, лицето е во бессознание и повеќе информации се очекуваат за подоцна.
„Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот Александрија во Охрид“, информираат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид.
„Повреденото лице од Холандија кое удри во камен во Охридско езеро е превземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и истото е пренесено во Општа болница во Охрид на одделот за хирургија“, информира РЦУК – Охрид.