Тешко повреден Британец откако падна од зграда во Скопје

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

728

Британец е тешко повреден откако вчера паднал од зграда во изградба во Скопје.

Полицијата соопшти дека вчера  било пријавено дека од зграда во изградба на ул.Банско во Скопје паднал  Д.Б. од Велика Британија, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.






Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини