ТЕШКО Е ПОВРЕДЕН РАБОТНИК ВО КАМЕНОЛОМ ВО РОСОМАН Се превртел камионот што го управувал

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

184

Работник бил тешко повреден вчера во каменолом во Росоманско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

„ Вчера во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи, управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци“ соопштија од СВР Велес.






Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани содржини