ТЕШКО ЌЕ Е БЕЗ МЕСИ Куман загрижен кој сега ќе дава голови

Ќе ни биде тешко да постигнуваме голови без Меси. Тој минатата сезона 30 пати се запиша во листата на стрелците. Сепак, кога Ансу Фати и Кутињо ќе се вратат во акција, ќе имаме силен тим и ќе се бориме за победите и титулите, како и во секоја сезона, изјави Куман.

278

Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека неговиот тим ќе се соочи со предизвици во нападот по заминувањето на Лионел Меси.

– Ќе ни биде тешко да постигнуваме голови без Меси. Тој минатата сезона 30 пати се запиша во листата на стрелците. Сепак, кога Ансу Фати и Кутињо ќе се вратат во акција, ќе имаме силен тим и ќе се бориме за победите и титулите, како и во секоја сезона – изјави Куман.






На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот Аргентинец. Меси го напушти каталонскиот клуб поради финансиски и структурни ограничувања што постојат во шпанското првенство.

Аргентинецот следните две години се обврза на соработка со Пари Сен-Жермен.

Поврзани содржини