„ТЕШКО Е ДА СЕ ПОБЕДИ ВО ВОЈНА БЕЗ ДА СЕ НАПАДНЕ АГРЕСОРОТ“ Каква порака испраќа Трамп до Украина и до Русија?

Корумпираниот и ужасно некомпетентниот Џо Бајден Трамп тврди дека ако тој бил претседател не ѝ дозволи на Украина да нападне, туку само да се брани. Што ќе излезе од тоа, напиша денеска американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.

1,570

Многу е тешко, ако не и невозможно, да се победи во војна без да се нападне земјата на агресорот, исто е со Украина и Русија, напиша денеска американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут соушл. Тој го обвини поранешниот претседател Џо Бајден дека не ѝ дозволил на Украина да ѝ возврати на Русија туку само да се брани.

„Многу е тешко, ако не и невозможно, да се победи во војна без да се нападне земјата на агресорот. Тоа е како одличен спортски тим што има фантастична одбрана, но на кој не му е дозволено да игра офанзивно. Така нема шанса за победа. Исто е и со Украина и Русија. Корумпираниот и ужасно некомпетентниот Џо Бајден Трамп тврди дека ако тој бил претседател не ѝ дозволи на Украина да нападне, туку само да се брани. Што ќе излезе од тоа? Оваа војна никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател – нула шанси. Интересни времиња се пред нас“, објави американскиот претседател Трамп.






На неодамнешната средба во Аљаска помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не беше договорен прекин на борбите. Трамп изјави дека сè уште верува во мировен договор, но ако Украина се согласи на територијални отстапки, што Киев одби. Потоа во Вашингтон уследи средба на Трамп со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, лидерите на Европска Унија и генералниот секретар на НАТО. Трамп на средбата вети дека Украина ќе добие безбедносни гаранции во идниот мировен договор, како и нов пакет американско оружје во вредност од околу 104 милијарди долари.

Поврзани содржини