ТЕШКИ ПРЕГОВОРИ НА ПОВИДОК ВО КАТАР Израел бара листа на заложници, Хамас инсистира на пауза во борбите
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри испраќањето на преговарачка делегација. Хамас соопшти дека планира да испрати свои преговарачи, а висок функционер на групата изрази оптимизам.
Израел и Хамас планираат да испратат преговарачи во Катар и да ги продолжат разговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа.
Заливската држава, заедно со САД и Египет, посредува во разговорите, бидејќи Израел и палестинската милитантна група Хамас одбиваат директно да разговараат.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри испраќањето на преговарачка делегација. Хамас соопшти дека планира да испрати свои преговарачи, а висок функционер на групата изрази оптимизам.
– Постојат добри изгледи овој пат преговорите да бидат успешни – изјави Муса Абу Марсук за катарската организација Ал-Араби Ал-Џадид.
Тој не откри на што го темели својот оптимизам. Ќе биде тешко да се постигне компромис, бидејќи и Израел и Хамас сакаат меѓусебно да се уништат.
Израел бара список со имињата на живите заложници заробени во Газа. Хамас објави дека му е потребна пауза во борбите за да се утврди локацијата и здравствената состојба на заложниците, што Израел го смета за изговор, пренесуваат медиумите.
Војната започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, при што загинаа околу 1.200 луѓе и беа заробени околу 250.
Според палестинските податоци, од почетокот на војната во Газа се убиени над 45.500 лица.