ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕОДГОВОРНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ Можно е спортистите да ни ги добијат ваучерите за 2023 година

Наумче Мојсовски, како директор на Агенцијата за млади и спорт, континуирано го оштетувал државниот буџет преку ваучер системот - антикорупционерите бараат кривично гонење, реагира партијата Левица.

2,141

Левица повеќе пати преку свои реакции предупреди за неодговорното раководење на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и за последиците кои ќе ги трпат сите засегнати во спортот. Поради незаконските постапки на АМС, тие можеби нема да добијат ваучери за 2023 година, што е катастрофален исход за спортот во државата, се вели во соопштенија на партијата.

Во анализата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), утврдени се бројни незаконитости во распределбата на средствата од даночно ослободување, кои изнесуваат околу една милијарда денари годишно, поради што континуирано во изминативе неколку години, се оштетува државниот буџет и спортистите кои имале право на овие финансии, а кои не ги добиле.
Антикорупциската комисија бара кривично гонење на директорот на АМС Наумче Мојсовски и на членовите на Централната комисија за евалуација на предлог-листите за доделување спортски ваучери.
Државниот завод за ревизија даде негативна оценка за работата на АМС за распоредување на средставата преку ваучерите, во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.
Во врска со распределбата на средства до националните спортски федерациi, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка, согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности.
Имајќи ги во предвид сите посочени неправилности и незаконитости, Наумче Мојсовски, освен што мора да си поднесе оставка од позицијата директор на Агенција за млади и спорт, на чие чело беше поставен во 2020 година, токму од редовите на СДСМ, мора и да одговара, смета Левица.

Поврзани содржини