ТЕШКИ КАЗНИ ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ГО ПАЛАТ ЗНАМЕТО НА САД Трамп потпиша одредба по последните инциденти на протести

Со уредбата се задолжува Министерството за правда да покренува кривични постапки против сторителите, а истовремено се предвидува и проширување на ограничувањата за странци кои учествуваат во такви акции – вклучително и укинување визи и забрана за престој.

157

Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува извршна уредба со која ќе се воведат строги казни за сквернавење на американското знаме, вклучително и негово палење, јави „Фокс њуз“.

„Знамето е најсветиот симбол на САД, а неговото сквернавење е израз на омраза и непријателство кон нашата нација“, се наведува во документот.






Со уредбата се задолжува Министерството за правда да покренува кривични постапки против сторителите, а истовремено се предвидува и проширување на ограничувањата за странци кои учествуваат во такви акции – вклучително и укинување визи и забрана за престој.

Мерката следи по серија протести на кои беше палатo знамето, особено за време на анти-израелски демонстрации и имграциски акции.

Покрај ова, Трамп веќе воведе низа мерки за промовирање на патриотизмот, меѓу кои и забрана за истакнување други знамиња во американските амбасади.

Поврзани содржини