🎥 ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА Над 60 повредени во судар на два автобуси и камион

Сообраќајната несреќа се случила утринава на Е70, меѓу градовите Бујорени и Прунару.

130

Во тешка сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион што се случи утрово во округот Телеорман во јужна Романија, повредени се над 60 лица. Активиран е таканаречениот план за црвена интервенција, пренесува Аџерпрес.

Сообраќајната несреќа се случила утринава на Е70, меѓу градовите Бујорени и Прунару. Досега во болница се пренесени четири лица.






На терен се оперативни екипи со две противпожарни возила, две камиони, осум екипи на Мобилната служба за итни случаи за реанимација и вадење луѓе (СМУРД) и 14 возила на брза помош. За поддршка на силите се побарани два хеликоптери СМУРД.

Надлежните побараа помош и на локално ниво – од Ѓургево: Обидете се да спасите што повеќе луѓе, пренесува БТА.

Автомобилскиот сообраќај во реонот на несреќата е блокиран. Интервенцијата за гаснење на пожарот предизвикан од камионот продолжува.

Поврзани содржини