ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА Најмалку 7 лица загинаа, меѓу повредените има и деца
Несреќата се случила кога возачот на комбе со повеќе од 20 луѓе ја зголемил брзината бегајќи од полициска контрола. Постои сомение дека тоа било возило за криумчарење луѓе.
Најмалку седум лица загинаа, а многумина се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 03:15 часот на автопатот А94 во Баварија. Меѓу повредените има и деца.
Несреќата се случила кога возачот на комбе со повеќе од 20 луѓе ја зголемил брзината бегајќи од полициска контрола.
Постои сомение дека тоа било возило за криумчарење луѓе. Како што пренесува Шпигел, ситуацијата сѐ уште е нејасна и се стравува од нови жртви. Полицијата во Розенхајм извести дека има повеќе повредени, некои од нив потешко.
Полицијата во Розенхајм наведува дека некои од повредените се во тешка состојба.
Несреќата се случила кога федералната полиција сакала да провери комбе кое одело за Минхен. Но, возачот наеднаш забрзал се исклучил од автопатот на излезот за Ампфинг, по што се случила сообраќајна несреќа.
– Во возилото имало и деца кои исто така се повредени – изјави портпаролот на полицијата.
На местото на несреќата дежураат екипи на Брза помош и противпожарна единица. Повредените се пренесени во најблиските болници.
Автопатот е целосно затворен во правец на Минхен и Пасау.
Излезот Ампфинг/Валдкрајбург е на околу 50 километри од границата со Австрија. Според информациите на Федералната полиција и Баварската гранична полиција, бројот на регистрирани неовластени влегувања во Германија со месеци се зголемува. Пред само неколку дена, осомничен шверцер со четири лица во автомобил бегаше од федералната полиција во близина на Бургаузен и предизвика сообраќајна несреќа во која две лица беа тешко повредени.