ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ, ЗАГИНА ВЕЛОСИПЕДИСТ Возачот го оставил автомобилот и го напуштил местото
Полицијата превзема мерки да го најде возачот.
Велосипедист денеска претпладне загина во тешка сообраќајна несреќа кај мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје, откако во него удрил автомобил.
По сударот, возачот излегол од возилото и го напуштил местото на настанот.
Министерството за внатрешни работи информира дека околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот се судриле патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист.
„Денеска (03.11.2025 година) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Гоце Делчев се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот”, велат од МВР.