ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КОЧАНИ Малолетник со електричен тротинет заработил сериозни повреди

„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани“, наведено е во полицискиот билтен.

70

Синоќа во 20.30 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Стево Теодосиевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило од такси служба и електричен тротинет управуван од малолетник од Кочани, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини