На магистралниот пат Охрид кон Кичево, околу 18 часот се случи тешка сообраќајна несреќа.
Информацијата за OhridNews ја потврдил портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, кој информира дека од засега непознати причини дошло до судар на две патнички возила во близина на селото Арбиново, Општина Дебрца.
На местото на несреќата во тек е увид на полицијата и забранет е сообраќајот.